Општина Центар: Секој советник ќе се произнесе дали ќе го донира лаптопот

by fokus

Од Општина Центар, во која власта ја има СДСМ, велат дека советниците од редовите на социјалдемократите и градоначалникот Саша Богдановиќ ќе ги донираат последните плати за купување лаптопи или таблети, а за нивните службени лаптопи секој сам ќе одлучи.

„За лаптоп-компјутерите, секој член на Советот ќе си се произнесе дали ќе го донира или не лаптоп-компјутерот или мобилниот телефон, кои му следуваат со стапувањето на функција. Бидејќи во тек е изборниот период и сите донации се забранети, донациите ќе ги оствариме по завршувањето на локалните избори, со цел да не го прекршиме Изборниот законик. Штом се ослободи простор за ребаланс на буџетот, советничката група на СДСМ ќе поднесе предлог до Советот за сите средства наменети за патувања на советниците и на градоначалникот, да се пренаменат за лаптоп компјутери и таблети на деца од социјално загрозени семејства“, велат од Општина Центар.

 

Поврзани новости