Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец“ кога двајца комунални редари ја избркаа бабичката која продаваше бадеми и лешници, при што и ја превртија кутијата, па таа ги собираше едно по едно.
-Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.
Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени.
Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, соопшти Општината.
https://www.facebook.com/martinez.cvetkovski/videos/10217704795237547/