„Организацијата „Во одбрана на Дебар Маало“ очигледно многу слабо е запознаена со процедурите во локалната самоуправа или пак намерно се обидува погрешно да ги претстави работите во јавноста. Нападите врз работата на Градоначалникот и Советот на Општина Центар се целосно неаргументирани“,се вели во реакцијата на Општина Центар.
Оттаму велат дека граѓаните мора да ја знаат вистината околу идејата за изградба на нова спортска сала во Градски Парк
„Прво, станува збор за распишување на повик за идејно решение за нова спортска сала, а не за готова одлука за нејзино градење. Во оваа фаза, општината прибира идејни решенија кои потоа ќе бидат јавно презентирани. На база на добиените предлози, ќе се одлучи дали и кое од пристигнатите решение ќе се избере. Согласно решението, ќе се направат потребните измени во намените за парцелата. Останува нејасно за каква незаконска постапка зборуваат од здружението.
Второ, јасно е кои парцели ќе бидат опфатени. Станува збор за парцелата каде што сега се наоѓа старата сала и парцелата до неа, каде сега има спортски игралишта. Паркот нема да се уништува како што тоа се обидува да го прикаже организацијата.
Трето, изнесена е целосна лага со која се тврди дека е направена пренамена на ДУП-от или дека се правени измени кои не се во корист на граѓаните. ДУП-от не е донесен, ниту пак е започната јавната расправа“, велат од Општина Центар.
Градоначалникот Жерновски имаше средба со Министерот за транспорт и врски и иницираше темелни измени со достава на пишани предлози за Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за постапување со бесправо изградените објекти, со цел донесување и спроведување на квалитетни детални урбанистички планови.