Општина Центар казни четири локали со глоба од 300 до 500 евра за гласна музика

by Fokus

Општина Центар изврши инспекција во шест локали Џуси бар, Бастион, Локал 45 и Радио Бар, лоцирани на улиците „Ленинова„  и „Пиринска“, Колектив Бар на Плоштад „Македонија“ и Нола бар во Капиштец. По извршените мерења од овластена лабораторија за животна средина, добиени се извештаи за надминување на дозволеното ниво на бучава.

„Овластениот инспектор за животна средина ги посети сите угостителски објекти, по што изготви решенија со кои ги упати да превземат мерки за намалување на нивото на бучава во рамките на пропишаните гранични вредности.  Согласно Законот за заштита од бучава, на објектите им се доставуваат платни налози за глоба за сторен прекршок во висина на одмерената сума согласно Законот за прекршоци“ – се наведува во соопштението од општината.

На четири од локалите им е одмерена глоба во вредност од 300 – 500 евра . Доколку глобата се плати во рок од 8 дена вредноста  се намалува за половина. За два од објектите, постапката е во тек, бидејќи се чека да поднесат годишни сметки според кои ќе се одмери казната.

 

Поврзани новости