Општина Тетово донела решение за уривање на крстот во дворот на манастирот на Попова Шапка

by Fokus

Од Општина Тетово најавуваат дека ќе почнат со уривање на 5.000 дивоизградени објекти, меѓу кои и неодамна поставениот метален крст во дворот на манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка. Од општината не кажуваат дали и џаијата е ставена на ред за уривање.

На одлуката на Општина Тетово за уривање на крстот реагираа од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

„Тетовско-гостиварска епархија своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации“, се вели во соопштението од Тетовско-гостиварската епархија.

Од црковниот одбор на манастирот „Свети Наум“ на Попова Шапка велат дека поставениот крст е урбана опрема и е поставен на приватен имот.

„Добивме решение за уривање на крстот, во кое образложението е дека нема дозвола за градба. Но, сметаме дека за крстот не е потребна дозвола за градба, затоа што се работи за урбана опрема. Ќе ги искористиме законските можности и ќе поднесеме жалба“, се вели во соопштението.

Поврзани новости