81
Градоначалникот на Општина Сарај, актуелниот организациски секретар на ДУИ – Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со пратеничка.
Тој преку неговиот Фејсбук статус вели дека отсега ќе делува како пратеник во Собранието на Република Македонија и дека ќе биде гласот на волјата на народот.
„Од денеска започнува моето ново патување како пратеник во Собранието. Ветувам дека ќе бидам гласот на волјата на народот и ќе докажам дека легитимитетот на албанскиот глас му припаѓа на Европскиот фронт. Продолжуваме обединети за европска држава и подобар економски развој“ – напиша Беџети на Фејсбук.
Тој беше пратеник од 2006 до 2009, а и министер за правда во периодот 2011-2014 година.