Општина Пустец продолжува со солидарноста и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.
-Православната црква на општина Пустец донираше 100.000 лека за настраданите семејства, а финасиски средства собрани се и од прилози на жителите кои ќе бидат уплатени на посебните сметки отворени за таа цел,информираа од општината.
Од таму додаваат дека градоначалникот на Пустец, Поли Колефски за настраданите ја донирал платата за месец ноември.
Општината ги повикува сите жители да дадат свој придонес за да им помогнат на семејствата погодени од земјотресот.
Деновиве Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се вклучија во собирање помош за настраданите од земјотресот, главно прехрамбени артикли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, облека.
Акцијата се води организирано и координирано од страна на градночалникот на општина Пустец, Колефски и претседателот на и Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски.