Општина Крушево: Место мир и сплотеност, денеска се посеа омраза и повици за линч

by fokus

Општина Крушево попладнево се огради од омразата и навредите изнесени на Мечкин Камен денеска.

-На 115 години од Илинденското востание,  Крушево беше сведок на демонстрирање омраза и нетрпеливост, како и непочитување на идеалите на Крушевскиот манифест и на борците за слобода. Денес во Крушево, на големиот Илинден, слушавме пароли на омраза и повикување на насилство врз неистомислениците. Место мир, сплотеност и разбирање на 2 Август во Крушево се посеаја навреди, омраза и повици за линч. Илинденците и крушевчани се горди на денешната слободна Македонија, на македонскиот јазик и македонскиот идентитет кои ги зачувавме и зацвртивме. Сите оние кои на овој свет ден сеат омраза и навреди врз своите сограѓани се срам за илинденците и го сквернават овој голем празник.Општина на Крушево стои во заштита на правата и интересите на граѓаните на општина Крушево и граѓаните на Македонија и се оградува од омразата која некои организирани и малубројни структури ја шереа денес на Мечкин Камен. Нека им суди историјата, се наведува во реакцијата на општина Крушево.

Поврзани новости