Општина Карпош испрати 103 ученици на одмор во во кампот „Александра“ во Грција. Станува збор за осум првенци на генерација, 38 ученици во социјален ризик и 57 спортисти.
Ова се учениците кои во текот на изминатата учебна година покажаа најдобри резултати во наставниот дел и во спортот.
Од оваа година, потенцираат од Општината, се зголеми опфатот на деца и локалната самоуправа одлучила да даде простор и на учениците од социјално – загрозените семејства.
-На овој начин обезбедуваме поттик и поголем простор за дружење меѓу сите ученици кои една недела ќе имаат можност да другаруваат, да спортуваат и да се рекреираат. Предвидени се различни активности за учениците: пинг – понг, игри без граници, тематски забави на плажа, водени спортови, одбојка итн, наведуваат од Општината.
За децата ќе се грижат и вработени во одделенијата за образование и за спорт и култура во Општина Карпош, како и обучени тренери.