Општина Карпош ќе доделува субвенции за нови велосипеди или електрични тротинети

by Fokus

Општина Карпош ќе субвенционира 30 отсто од цената за купување велосипед или најмногу до 4.500 денари и 30 отсто од износот потрошен за нов електричен тротинет, но не повеќе од 6.000 денари.

Сите заинтересирани за субвенции треба да се полнолетни и жители на оваа општина, а велосипедот да го купат почнувајќи од 17 март. Со барањето за субвенција треба да приложат и изјава за согласност за обработка на лични податоци, фотокопија од лична карта и од трансакциска сметка и фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет.

Жителите кои веќе оствариле право на субвенција во тековната година и добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот.

Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош во барака 2. По поднесувањето на документите, барателите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на субвенција или не.

Акцијата ќе трае до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Правото на субвенција е еднократно.

Поврзани новости