Општина Карпош ќе додели 500.000 денари за Турција и Сирија

by Fokus

Советот на Општина Карпош едногласно донесе одлука да се доделат финансиски средства од 500.000 денари за двете настрадани држави. Плус од тоа, сите советници одлучија да издвојат по 10 отсто од својот паушал, како и градоначалникот од својата плата.

„Овие средства ќе бидат уплатени на посебна жиро-сметка за солидарен фонд и во исто време ги повикуваме и правиме иницијатива до сите физички и правни лица на територија на општина Карпош да донираат средства на оваа отворена сметка сè со цел да им помогнеме на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија“, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Поврзани новости