Откако денеска двајца браќа од 26 и 28 години ги загубија животите при ископ на канал, со реакција се јавија од општина Чаир. Тие веднаш испратиле инспекција за да ги утврдат дали се испочитувани сите законски мерки, и констатирале дека немало дозвола за извршување на работи.
„Општина Чаир изразува искрено сочувство до семејството на настраданите во денешната несреќа која се случи наспроти Основното Училиште “Пенко“.
На местото на настанот, веднаш излезе Инспекторатот на Општина Чаир за да ја потврдат фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот.
Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен,
започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден – сабота.“, велат од Општина Чаир.