Општина Аеродром: СДСМ лаже за ДУП-от во Лисиче

by fokus

Општина Аеродорм испрати демант на соопштението на СДСМ во кое владејчката партија обвинува дека инвеститори купиле ниви во Лисиче, а потоа општината вцртала маркици за згради на тие локации.

Од Општината велат дека СДСМ лаже за ги прикрие милионските суми испумпани од буџетот со бизнис партнери кои имаат сомнителна позадина. Велат дека вестите за ДУП-от во Лисиче се целосна лага, без прецизно да наведат што не е точно од обвинувањата на СДСМ.

-Овие празнични денови, на дневен ред за споделување лажни вести од тендер партијата е ДУП-от во дел од Лисиче за кој во неколку наврати потенциравме дека станува збор за процес кој е почнат во 2019-та година, а кој решава сериозни урбанистички проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Уште еднаш потенцираме дека вестите поврзани со изградба на згради во Лисиче, се целосно лага, невистина и дезинформација. Посочениот ДУП се уште е во фаза на анкета и финалната верзија ќе биде изработена по завршувањето на консултациите со јавноста.
Општина Аеродром ги стави на увид на граѓаните и медиумите сите документи поврзани со овој ДУП и уште еднаш ги повикуваме граѓаните да дадат свое мислење и забелешка по истите.
Ние ништо не криеме, работиме транспаретно и нашите документи нема потреба да бидат класифицирани. И на крајот уште еднаш потсетуваме дека ниту една лажна афера и дезинформација нема да го тргне вниманието на јавноста од лошите политики на власта и нема да ја намали разочараноста на граѓаните од лошата економска состојба во која СДСМ ја донесе државата, велат од Општина Аеродром.

Поврзани новости