Општина Аеродром организира бесплатни часови по латино танци

by fokus

Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од утре ќе организира бесплатни латино танци во паркот на езерата.

Како што соопштуваат од општината, часовите ќе ги држат волонтери од Турција, информираат од општината.

„Од утре бесплатни латино танци во паркот на езерата,

Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од утре, 27.6.2019 година до 31.7.2019 година, ќе организираат бесплатни часови по латино танци.
Деновите по латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латино инструктори.
Целта на организирањето бесплатни латино танци за жителите на Општина Аеродром е да се овозможи вклучување на сите лица во општеството без разлика на старосната граница и полот во културните манифестации.
Инаку, асоцијацијата „Ластовица“ е граѓанска организација што се занимава со овозможување услови за инклузивно општество и заштита на правата на децата со посебни потреби, велат од општина Аеродром.

Оваа одлука предизвика лавина од критички коментари на социјалните мрежи на сметка на локалната самоуправа на градот.

Поврзани новости