508
Зградата кај Мајчин дом во Аеродром ќе се гради, бидејќи денеска Уставниот суд ја одби претставката за Деталниот урбанистички план.
Деталниот урбанистички план е согласно законот и уставот, оценија денеска уставните судии и одлучија да не поведат постапка за преиспитување на планот или пак, да го поништат.
-Општина Аеродром е обврзана да ја почитува одлуката на судот, како институција со највисока надлежност за овој случај. За жал, исцрпени се сите механизми со кои Општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом. Штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени, велат од општина Аеродром.