Општина Аеродром ќе прави нов план за Лисиче, прифатени забелешките на граѓаните

by Fokus

Општина Аеродром соопшти дека ги прифатиле најголем дел од забелешките на граѓаните за Деталниот урбанистички план Лисиче и дека подготвуваат втора верзија за планот. 

„Веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета“, соопшти Општина Аеродром.

Од општината велат дека по завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а тие наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план.

„Планот како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите“, соопшти Општина Аеродром.

Од Општината велат дека интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки, вклучително и оние од областа на  урбанизмот.

„Одлуките кои ги носи Општина Аеродром имаат единствена цел, решавање на клучните проблеми и подигнување на квалитетот на живеење во општината. Финалната верзија на Деталниот урбанистички план за овој дел од општината ќе биде направен, во согласност со потребите и барањата на граѓаните“, соопшти Општина Аеродром.

Поврзани новости