Општина Аеродром ќе му донира 500.000 денари на Делчево

by fokus

Советот на Општина Аеродром денеска донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.

-Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.
Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани, порачаа од Општината.

Поврзани новости