Општина Аеродром го проширува опфатот на „Зонското паркирање“ на неколку нови локации во општината

by Fokus

По барање на граѓаните, а како резултат на заложбите на општината за воведување ред во паркирањето и сообраќајот, по надминување на административните пречки, вчера во Општина Аеродром започна реализацијата на проектот „Зонско паркирање“ кој ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината.

Првата фаза ги опфаќа формирање и обележување на паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“, а втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период.

Аеродром станува урбана и зелена општина, со доволен број паркинг места и организиран систем за паркинг. Со проширувањето на опфатот општината го реализира ветување за обезбедување доволен број слободни паркинг места за жителите на Аеродром и отстранување на хаварисаните возила.

Поврзани новости