Општа мобилизација во Луганск и Доњецк

by Fokus

Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ (ЛНР) Леонид Пашечник денеска потпиша указ за општа мобилизација, јавуваат руските медиуми.

– Донесов одлука да објавам општа мобилизација на територијата на Луганска Народна Република, се наведува во указот на Пашечник.

Претходно, општа мобилизација прогласи и лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), Денис Пушилин.

Пашечник и Пушилин вчера објавија почеток на евакуација на граѓаните кон Ростовската област во Русија, наведувајќи дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски наскоро ќе издаде наредба за напад на Донбас.

Сепак, Украина тврди дека не подготвува операција во Донбас.

Поврзани новости