Опозициската коалиција ја јакне соработката

by Fokus

Во седиштето на СДСМ, денеска се одржа средба на лидерите на партиите од коалицијата на која се разговараше за актуелната политичка состојба и потребата од нов меѓукоалициски договор и потпишување на нова платформа за соработка.

Заклучокот од средбата е дека власта за само девет месеци ги разочара граѓаните, го уништи животниот стандард и ги запре покачувањата на платите. Сите лидери посочија дека економската состојба драматично се влошува, а ВМРО-ДПМНЕ со лошите политики креира економска криза и инфлација која го јаде стандардот. Коалиционите партнери заклучија дека има целосен застој и блокада во евроинтеграции на државата, а последните одлуки во меѓународната политика покажуваат скршнување од стратешкиот курс што може да биде закана по стабилноста на земјата.

- Advertisements -

Како одговор на овие предизвици, коалицијата предводена од СДСМ одлучи дека мора го зацврстува единството, да ја постави соработката на повисоко ниво и да покаже јасна подготвеност за сите идни политички предизвици, вклучително и за претстојните избори.

Со договорот кој ќе се потпише наскоро ќе се потврди дека коалицијата останува стабилна, организирана и посветена на заштитата на националните интереси и обезбедување на политичка стабилност. На состанокот лидерите на партиите јасно ја истакнаа заложбата за демократските вредности, владеењето на правото и почитувањето на Уставот на Република Северна Македонија.

Еден од клучните сегменти на договорот е јакнењето на националните интереси, што подразбира градење национален консензус за стратешки прашања, интензивирање на меѓународната соработка и унапредување на добрососедските односи. Коалицијата е цврсто определена за евроинтеграциите и продолжување на реформите потребни за членство во Европската Унија.

Новина во идното делување на Коалицијата е формирање на Советот на коалицијата со цел подобра координација и заедничко делување.

Поврзани новости