Опозицијата во Јужна Кореја поднесе барање за импичмент на претседателот

by Fokus

Опозициските партии во јужнокорејскиот парламент денеска соопштија дека поднеле барање за импичмент на претседателот Џун Сук Јеол, по неговиот неуспешен обид да воведе вонредна состојба.

Пратениците подоцна ќе одлучат за датумот на гласање за тој предлог, што би можело да се одржи веќе во петок, соопштија претставници на шесте опозициски партии на заедничката прес-конференција.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол синоќа изјави дека вонредната состојба што ја прогласил во текот на денот ќе биде укината.

Тој рече дека воените сили распоредени во Сеул ќе бидат повлечени.

Претходно, парламентот, во кој доминираше опозицијата, ја отфрли неговата одлука за воведување вонредна состојба.

Претседателот прогласи вонредна состојба, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја осакатува владата со антидржавни активности.

Поврзани новости