Инсулинот кој Министерството за здравство го уништи е со валидер рок и е произведен од најреномираната данска фирма, тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ и обвинуваат дека со ваквата постапка најверојатно се сака да се распише нов тендер за фирма подобна за власта.
– Дел од инсулинот, кој што бил уништен на ден 5.12.2019 година, имал валиден рок на употреба до 6 и 7 месец 2020 година. Патем овој инсулин бил произведен од една од најреномираните компании НОВО НОРДИСК од Данска и оваа компанија стои како гаранција за квалитетот на производот. Ако за Mинистерството за здравство оваа компанија носи неквалитетни лекови со сомнително потекло, тогаш не знаеме која компанија произведува поквалитетен инсулин – рече на денешната прес-конференција Марија Андоновска.
Со тоа, додава Андоновска, паѓа во вода дека инсулинот бил неквалитетен но и другите тврдења на Минисрерството за здравство во врска со рокот и квалитетот на инсулинот како и тоа дека не е добар паралелниот увоз.
– Министерството за здравство и Филипче се фатени во лага. Документите покажуваат сомнеж дека се уништува здрав инсулин, за да има нов тендер кој ќе го добие некоја компанија блиска до власта.Овој инсулин можеше да заврши кај пациентите, но заврши уништен на отпад- реле Андоновска.
Министерството за здравство пак соопштува дека во изминатиов период воведени се три нови типови на инсулин, два инсулински аналози, инјектибилни и таблетарни „Со Предлог-буџетот за 2020 година, обезбедуваме инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари“, е наведено во дописот.
Стратегијата за третман на дијатебес опфаќа елементи за подобрување на превенцијата, за рана детекција на болеста и нејзино соодветно третирање на секундарно и терциерно ниво. По нејзиното усвојување, ќе започне и ревитализација на сите центри за дијабетес во државата.
Вчера, со одлука на Владата и Министерството за здравство, беа уништени преостанатите количини на инсулин од Бирото за стокови резерви што биле набавени, како што тврди власта, од времето на паралелен увоз.