Импровизиран споменик кој сведочи за смртта на парламентарната демократија, постави денеска опозицијата на двегодишнината од црниот понеделник, денот кога пратениците и новинарите насилно беа исфрлени од Собранието.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека ќе стави точка на намерата на власта да продолжи до конечна пресметка со слободата на говорот, со демократијата и слободата на избор на граѓаните.
– Никој да нема дилема дека СДСМ и опозицијата ќе го дозволат уништувањето на Македонија. Престои период кога ова лудило мора да заврши. Денес на сите им е јасно дека имаме власт којашто 100-процентно владее за свои потреби и за потребите на бизнисите на врвот на власта, којашто креира политики и закони со што си ја одржува позицијата, на сметка на сиромаштијата на народот. Се ближи денот кога ние граѓаните на Македонија ќе ве исфрлиме од удобните фотељи – истакна Заев.