Опозицијата очекува повлекување на номинацијата на Фрчкоски за амбасадор во САД

by Фокус

Љубомир Фрчковски не може да биде амбасадор на земјава во САД, особено што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, по објавувањето на информациите дека САД не дале согласност за упатување на Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон.

„На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат-дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски. Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од редовите на ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, вели дека во следните денови се очекува Владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во САД.

„Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размената на строго доверливи информации на највисоко државно ниво“, пишува Милошоски на Фејсбук.

 

 

Поврзани новости