Опозицијата најавува обелоденување на тајни имоти на функционери од СДСМ и ДУИ

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува нова афера „Тајни имоти“, односно кој што крие во власта и како институциите учествуваат во криење имот, наместо да го спроведуваат законот.

-Институциите не си ја вршат работат, и трпат незаконитости и криминал. Група луѓе од СДС и ДУИ наместо во служба на народот работат за себе. За функционери од власта не важат законите, а институциите не постапуваат кога се тие во прашање.

Во понеделник во 12 часот ќе откриеме како се крие имот и како власта работи за себе. Аферата Тајни имоти е тешка неколку милиони евра. Затоа Македонија наместо да оди напред тоне, најавува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости