Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата најавија дека денеска во Собранието ќе поднесе предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој бараат да се врати старото законско решение со кое, како што велат, изминатите години пензионерите континурано добивале зголемување на пензиите.
-Со овие законски измени што ги предлагаме ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери.
Со Предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го поднесуваме се врши враќање на предходното законско решение со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку со измените кои што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон“, изјави Слаѓана Митовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, со законските измени на СДСМ се вршело усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување.
-За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и кога е на власт и кога е во опозиција секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните со посебен респект на пензионерите.
Апелираме до колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог закон кој што ќе го подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани“, рече Митовска.