Опозицијата ќе бира шеф на полицијата следната недела, Славески ќе биде заменик за финансии со право на вето

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе отвори дебата и ќе донесе одлуки во однос на кадровските решенија за пржинската влада, која ќе ги спроведе претстојните предвремени парламентарни избори. брифираат добро упатени извори за Фокус.

Според нив, опозициската партија на чело со Христијан Мицкоски одлучила изборот да го направи во поодмината фаза и за кус период за да не дава повод и да не остава простор за разни шпекулации и внатрепартиски игри.

- Advertisements -

-Најголем предизвик е изборот на министри за внатрешни работи и за труд и социјала. За МВР има многу претенденти, меѓутоа првично треба да избереме принципи врз основа на кој ќе го направиме изборот, односно дали да биде партиски и стручен профил, дали да биде човек од внатре или од надвор – вели висок партиски функционер.

Што се однесува до селекцијата на дополнителни заменици министри со право на вето во неколку министерства, според неофицијални информации, партиското раководство размислува изборот да падне врз лицата што ги водат матичните партиски комисии или пак имаат соодветно искуство во конкретните ресори.

Во таа насока, Трајко Славески треба да биде дополнителен заменик-министер за финансии, Тимчо Муцунски за информатичко општество и администрација, а Цветан Трипуновски за земјоделство, меѓутоа, истакнуваат нашите соговорници, се уште не се направиле завршните разговори.

В.С.

Поврзани новости