Опожарено возилото на локален бизнисмен од Штип

by fokus

Автомобил „Фиат Стило“ на локален бизнисмен од Штип било вчера опожарено, по што интервенирале екипи на противпожарна единица. Од МВР ја потврдуваат информацијата.

„На 17.03.2019 околу 05 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг простор на улица „Сутјеска“ во Штип настанал пожар во патничко возило „Фиат Стило“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.Ч.(33) од Штип. Од огнот било зафатено и возило „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Г.В.(55) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Извршен е увид“, соопштија од таму.

Поврзани новости