475
Возило во сопственост на општина Бутел марка „пежо 406“ се запалило вчера околу 12.00 часот на улицата Бутелска во Скопје. Од полицијата велат дека се непознати причините за избивање на пожарот.
Возилото било опожарено во пределот на моторот, а било изгаснато од случајни минувачи. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.