727
Доцна синоќа биле запалени автомобилите во сопственост на пејачките Сузана Турунџиева и Ребека Јанковска-Ристески.
Инцидентот се случил во три часот на паркингот пред трговскиот центар ТЦЦ Плаза кадешто биле паркирани возилата.
Најпрво бил запален автомобилот „мини купер“ во сопственост на Турунџиева, а пожарот го зафатил и автомобилот „шевролет орландо“, во сопственост на Ребека Јанковска.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Засега нема официјални информации дали пожарот е подметнат и какви се мотивите.