Опожарен мерцедесот на Драган Митковски, најблискиот соработник на Арсовска

by Fokus

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

Синоќа, во текот на ноќта било опожарено возилото на Драги Митковски – Книга, десната рака на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, неофицијално дознава „Фокус“.

Според податоците со кои располагаме, три часа после полноќ, поточно во 03 часот и пет минути опожарено е возилото на Митковски, „Мерцедес А класа“, кое е во сопственост на Сметководственото биро ММ, чиј управител е токму тој.  Во податоците уште е наведено дека на автомобилот мерцедес е изгорен предниот дел од моторот и дел од внатрешноста.

Од пожарот, исто така зафатени се уште две други возила, „Хундаи“ и „Сузуки Свифт“, каде изгореле предниот браник и лев ретровизор.

Се очекува во текот на денешниот ден, случајот да биде објавен во билтенот на Министерството за внтарешни работи.

„Фокус“ досега во неколку наврати објави кој е Драги Книга?

Веќе подолг период вратите на Град Скопје се затворени, а градоначалничката Арсовска постави своја екипа во која има целосна доверба. Поточно, луѓе кои и го штитат грбот. Не остави ништо на случајност, па се што сметаше дека може да и наштети во „работењето“ доби црвен картон.

Повеќето од екипата на актуелната градоначалничка доаѓаат од редовите на Сојузот на стопански комори, со кој таа долг период менџираше. Всушност, тоа се луѓе кои секогаш ги застапувале нејзините ставови и правила. Некои официјално се вработени и се поставени на раководни функции, но има и такви, кои не фигурираат никаде, но зад затворени врати ја „подучуваат“ како да менаџира со Градот.

Повеќе од година ипол во јавноста кружат муабети дека еден од најблиските соработници од сенка на актуелната градоначалничка  е Драган Митковски, за што потврдуваат и јавно објавените фотографии, каде тие често можеа да се забележат на заеднички настани.

Нивната бизнис-соработка почнува уште многу одамна, поточно во 2014 година јавно се официјализира, откако Арсовска, тогаш претседателка на Сојузот на стопанските комори предлага до Управниот одбор и тие едногласно ги избираат Сеад Кочан за заменик-претседател на ССК и Митковски за потпретседател на финансии.

Тој е и првиот претседател на Комората на сметководители во ССК формирана во 2009 година на негова иницијатива и воедно сопственик на компанијата „Митковски ММ“, која е лоцирана во скопски Ѓорче Петров, каде што живее и семејството Арсовски.

Кој е Драган Митковски, соработникот во сенка на Арсовска?

Исто така, објавивме и за бизнисите на цело негово семејство, сопругата и тројцата синови.

Бизнисите на синовите на „книговодителот“, Митковски, најблискиот соработник во сенка на Арсовска

„Фокус“ располага со одредени информации кој може да стои зад опожарувањето на возилото на Митковски, но ќе почекаме да добиеме и официјална потврда.

Тој беше носител на втората изборна единица од партијата Нова Алтернатива, под раководната капа на Арсовска, која дожиева тотален крах на параламентарните избори.

 

 

Поврзани новости