По пауза од скоро две децении хируршките сали на одделението за уво, нос и грло во Охридската болница повторно се отворија за интервенции на крајници, објави „ТВ24“.
Ова не е само медицинска вест, туку огромно олеснување за стотици семејства од целиот Југозападен регион кои со години беа заложници на долгите листи за чекање и исцрпувачките патувања во други градови. Првиот пациент е шестгодишно дете, а операцијата е изведена под строг надзор на врвни експерти од Скопје.
Листите на чекање на скопските клиники честопати беа подолги од трпението на родителите. Со рестартирањето на овој оперативен дел на Одделението за уво, нос и грло, не само што се кратат километрите, туку и се „бришат“ долгите листи на чекање. Ова му овозможува на Југозападен регион побрза, подостапна и пред сè – локална медицинска услуга велат лекарите.
извор: ТВ24мк.