62
Филмот на Кристофер Нолан – „Опенхајмер“ беше еден од најгледаните филмови минатата година, а за неговиот квалитет сведочат и наградите што ги освои.
„Опенхајмер“ освои седум награди БАФТА, меѓу кои и за најдобра кинематографија.
Кристофер Нолан е прогласен за најдобар режисер, а Силиан Марфи ја доби наградата за најдобар актер, за улогата на Џ. Роберт Опенхајмер, „таткото на атомската бомба“.
Покрај нив, наградата БАФТА ја прими и Ема Стоун, за најдобра актерка во фантазијата „Скржавецот“, претстава која освои пет награди на овој фестивал.
„Опенхајмер“ имаше 13 номинации, но не успеа да го собори рекордот од девет трофеи поставен пред половина век со филмот „Буч Кесиди и Санденс Кид“.