• Според жирито ComboLifeе меѓу конкуренција за “BestBuyCarsodEurope”
• Убедлив квалитет: Новото опелово возило импресионира со просторност, водечки технологии и флексибилност
• Успешна приказна: Повеќекратен победникна Opel во престижни меѓународни натпревари
Риселсхајм. Новиот OpelComboLife, е избран за еден од финалистите на
Европскиот “AUTOBEST 2019”. Жирито на престижниот меѓународен избор го објави ова денеска. Жири составено од новинари од 31 европска земја
ги тестира новите модели погодни за освојување на посакуваната награда. Победникот го добива признанието “BestBuyCarofEurope 2019 “. Влегувајќи во финалето, флексибилното возило за слободни активности е една од шесте преостанати силни кандидати за титулата. Членовите на жирито ги оценуваат кандидатите во различни
категории како што се флексибилност, дизајн и нови технологии заедно со услужната мрежа, достапност на делови и цена.
Петтата генерација на Combo е базирана на целосно нова архитектура, нуди многу
простор, многу е разновидна и практична, доаѓа со една или две лизгачки задни врати. Опционално е достапна во стандардна верзија (4,4 метри) или XL верзија (4,75 метри) со пет или седум седишта во двете верзии, и со робустен, типичен дизајн на Opel.
Полн со карактер, вистинско чуди за простор и вистински пријател што ќе го сакаат не само семејствата. Новиот OpelComboLife нудида чувствувате добра атмосфера со незаменлив број на ултра-модерни технологии за овој сегмент. Исто така нуди можности да се сместат три детски седишта еден до друго во вториот ред со положба за седење што ја има Isofix детско седиште како стандард.
На ова се додаваат и чистата бесконечна низа на можности за складирање. Модерниот Opel има типично современInfotainment системи компатибилни со CarPlay и AndroidAuto. Во портфолиото има и штедливи бензински и дизел мотори со сила од 56 kW / 76 КС до 96 kW / 130 КС (потрошувачка на гориво: отворен пат 6,9-4,5 л / 100 км, градски 5,2-3,8 л / 100 км, комбинирано 5,8- 4.1 л / 100 км, 133-108 г/км CO2) кои веќе ги исполнуваат стандардите за емисии на Euro 6d-TEMPи ја имаат вистинската победничка комбинација.
Последниот конкурент на Opel, моделот ComboLife, го следи и се надева дека ќе ја продолжи добрата традиција на Opel.. Производителот на автомобили од Риселсхајм славел повеќекратни награди во различникатегории на престижни AUTOBEST во последниве години:
• Во 2007 и 2015 година, OpelCorsa ја освои наградата AUTOBEST, овозможувајќи им на дветегенерации на малиот автомобил да ја понесат на титулата “BestBuyCarofEurope“.
• Во 2009 година, првата генерација на OpelInsignia го воодушеви жирито со својот стил и ја освои наградата DESIGNBEST.
• На друго место, OpelAmpera и OpelAmpera-е ја демонстрираа еколошката мобилност со освојување на наградата ЕCОВЕSТ во 2011 година и во 2016.
• Освен тоа, сегашната генерација на OpelAstra ја освои наградата “SAFETYBEST” за 2015 годиназа своите модерни IntelliLux LED® матрикс фарови.
• Мотото на Opel, “Скулптурната уметност ја исполнува германската прецизност” важи и за двeте,за моделите, како и целата компанија според жирито, a Opel бешe награден со COMPANYBEST во 2016 година.