481
По сончевото утро и претпладне, голем дел од Србија беше зафатен од обилни дождови кои се закануваат да прераснат во поплави.
Прво беше погоден југозападниот дел на Србија, а се очекува невремето потоа да се пресели во централна Србија, Шумадија и Поморавље.
Според објавите на социјалните мрежи, невремето веќе ја зафати и Фрушка Гора, каде силните ветрови урнаа огромни градинарски чадори, додека во Трстеник сливот на реката тече по улиците.