Опасност од истекување радиоактивни материи во Запорожје

by fokus

Постои опасност од истекување на радиоактивни материи во украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е заземена од руските сили, предупреди денеска украинскиот оператор Енергоатом.

Како што се наведува, руските војници „во текот на последниот ден неколку пати ја гранатирале“ локацијата каде што се наоѓа централата.

„Инфраструктурата на фабриката е оштетена, а постои ризик од истекување на водород и прскање на радиоактивни материи“, објави компанијата на Телеграм.

Се наведува и дека постои „висок ризик од пожар“.

Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје.

Поврзани новости