Опасен експлозив и дрога пронајдени кај 16-годишник од Скопје

by Fokus

Обвинителството бара поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор спрема дете на возраст од 16 години кај кое биле пронајдени дрога и експлозив.

– На 10 ноември, во гаража на улицата „Бојмија“ во Скопје, заедно со уште две полнолетни лица за кои веќе се води постапка, осомниченото дете држело 149 таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диометамфетамин (МДМА), стимуланс на ценатралниот нервен систем. Во стан на улицата „Венјамин Манчуковски“, пак, кај осомничениот била пронајдена дигитална вага со остатоци од дрога и психотропна супстанција, но и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – околу 200 грама тринитротолуен, велат од скопското обвинителство.

Проценувајќи дека доколку му биде дозволено да се брани од слобода осомничениот би можел да се даде во бегство, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи притвор за детето во судир со законот.​​

Поврзани новости