Опаѓа просечната оцена од државната матура

by Фокус

Матурантите од цела држава матурата ја завршија со оцена „добар 3“. Споредено со претходните години, има намалување на оцената. Причините од Државниот испитен центар ги гледаат кај поострите мерки за време на тестирањето.

На 268 ученици им е поништен испитот оти биле фатени како препишуваат или користат мобилен телефон. Од нив, 32 само во економското училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, 18 во медицинското училиште „Панче Караѓозов“, 14 во училиштето „8 Септември“ во Тетово.

За да се спречи препишувањето и користење мобилни телефони, Министерството за образование планира од следната година тестирањето да се одржува во универзитетските амфитеатри, а таму да бидат поставени блокатори на бранови на мобилни телефони. Се најавуваат и казнени мерки за набљудувачите и тестерите.

Инаку, за полагање на државна матура се пријавија вкупно 14.834 ученици. Полагањето се одржа во ходници и спортските сали на училиштата, со цел засилена контрола.

Право на жалба имаат студентите кои не се задоволни од оценката, а студентите кои не го положиле испитот во јуни имаат уште една шанса во август. Пријавувањето за вториот рок ќе се одржи од 10 јули до 18 јули, додека полагањето ќе се одржи на 12 и 14 август.

Поврзани новости