925
Неколку групи граѓани се собраа вечерва околу 20 часот пред Домот на националното собрание во Белград, но далеку помалку отколку во претходните вечери, пишуваат медиумите од соседството.
Помеѓу насобраните граѓание е и поранешниот член на „Двери“, Срѓан Ного, кој во медиумите е означен како водач на насилните демонстрации заради што е приведен и сослушуван во Обвинителството, пишува „Танјуг“.
Се добива впечаток дека вечерва повеќе десно ориентирани демонстранти, кои и скандираат, додека граѓанскиот дел од протестот повеќе се држи на страна и се однесува како набљудувач, пишува српски „Н1“.