Опаѓа бројот на заразени со ковид во САД

by fokus

Бројот на новозаразени со коронавирусот во САД опаѓа.

Просечниот број на нови случаи во последните седум дена е под 30.000, што не е забележано од 18 јули минатата година.

Во пад е и просечниот број на смртни случаи кај ковид пациентите и изнесува 552, што исто така не е евидентирано од јули минатата година.

Експертите потврдија дека масовната вакцинација придонесе за намалување на бројот на нови инфекции, но исто така предупредуваат дека се уште не се вакцинирани доволно Американци за целосно да се контролира вирусот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден се обидува да ги убеди своите сограѓани да се вакцинираат и ги потсетува дека вакцинацијата е начин за враќање во нормалниот живот.

Поврзани новости