664
Министерот за образование, Арбр Адеми на денешната прес конференција информираше за новите платформи кои ќе се воведат во образовниот процес со цел учебната година да биде спасена.
Како што истакна тој, онлајн наставата е неопходна во овие моменти и понудени се мерки за продолжување на едукацијата.
Адеми посочи дека ќе се разработуваат видео-лекции кои ќе бидат во траење од 15 минути и ќе содржат објаснувања од настаници со цел што побрзо да се совладува материјалот.
Министерот рече дека постои интерес за ваквата мерка и веќе пристигнале многу лекции а се очекува од утре да биде достапна платформата.