Балканската турбо фолк ѕвезда Аца Лукас ја најави промоцијата на биографскиот филм ,,Кафана на Балкану”, а веднаш по промоцијата ќе започнел негов солистички концерт.
Настанот ќе се случува на неговиот 55-ти роденден во Штарк Арена во Белград, наредната година на трети ноември.
Иако до премиерата на филмот после која ќе следи концерт има речиси една година, сепак влезниците за настанот веќе се пуштени во продажба.
Поради огромниот јавен интерес, на страницата на која се продаваат билетите има застој, па оние кои сакаат да купат онлајн билет мора да чекаат и по 20 минути.
-Драг кориснику, вие сте на листа на чекање. Кога ќе дојдете на ред, ќе бидете преусмерени на страницата за купување на билет, пишува на Тикетс.рс, а бројот на луѓе кои чекаат да купат онлајн билет се движи околу 1.800.
Спојот на филмот и концертот, во Србија се најавени како голема сензација, а режисер на ,,Кафана на Балкану” е Сузана Пурковиќ. Во главните улоги се појавуваат Младен Совиљ, Бранка Катиќ, Андрија Кузмановиќ, Мима Караџиќ и други.
Според најавата, филмот е создаден според мотиви од животот на Аца Лукас и ги демистификувал сите детали од неговиот приватен и професионален живот.
Вики Клинчарова