Онлајн петиција за спас на Лагадин

by fokus

Невладината организација „Охрид СОС” покрена онлајн петиција против изгадба на голем хотелски објект на растојание помало од 50 метри од езерскиот брег, во населбата Лагадин.

Еколозите жестоко се противат на најавениот објект, кој велат дека може да биде последниот удар за Охридското езеро, на кое му се заканува да биде избришано од листата на УНЕСКО.

Од локалната самоуправа во Охрид велат дека немаат намера да се откажат од изградбата, бидејќи се било согласно законот.

Петицијата против изградба на хотелот можете да ја потпишите тука.

Поврзани новости