Ќе има ли крај? Ќе ја биде ли Македонија или ќе отиде џенем? Песимистите гледаат само тунел, оптимистите светло на крајот од тунелот, а реалистите тунел, светло, ама и воз што наближува. Во него, машиновозач е ЕУ, кој ги гледа тројцата што седат на шините како паламудат и полемизираат. За тоа време продолжуваат бесчесни барања од онанистите.
Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Минатата недела, онанистот со удбашки псевдоним, „Аца Антиќ“ испрати предупредувачко писмо до меѓународни лидери, во кое си прави бајрам со умот дека била загрозена меѓуетничката стабилност во Македонија, која враќала во условите, кои биле причина за терористичкиот напад во 2001 година.
Заканата се совпадна со промоцијата на второто дополнето издание на студискиот случај „ОНА-терористичка паравојска во Македонија“. Првото беше пред 22 години, кога колегата по две основи, разузнавач и професор по безбедност, Иван Бабановски, прв ги обелодени бесчестијата на терористичките „онанисти“.
Всушност, најновото издание е римејк на континуумот на политичко-криминална онанија, сведоштво и потсетување на еден психосоматичен амбиент, кој сѐ уште трае.
Таа 2001 се случи апсурд со симптоми на еквилибриум на државните институции и персоналитети. Забеганите родоотстапници, аљази и џамбази глумеа изненаденост и навреденост. А, сѐ беше предвидливо, можеше да се лечи и спречи.
РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
Промоцијата се случи на 17 декември 1997 година, кога со експлозивна направа беше разнесен јужниот дел на Основниот суд во Гостивар. Терористичките акции, вкупно триесетина, продолжија и во следните три години, за во почетокот на 2001-та да се премине во повисока фаза на интензивирање и легитимирање на ОНА.
Во целиот период речиси не постоеше никаква комуникација меѓу безбедносно-разузнавачките служби. Нивната хибернација и калкулациите на политичкиот врв резултираше уште пред почнувањето на вооружениот судир, голем дел од македонската територија да биде надвор од контрола на државните органи.
Тие демантираа постоење паравоени структури, иако располагаа со релевантни сознанија и информации за најавената „Пролетна офанзива“. Убедуваа дека тоа се само екстремни поединци, кои од различни мотиви се однесуваат спротивно на законите и Уставот.
Па, така лицата што копаа ровови беа нарекувани планинари, тие што носеа оружје – ловџии, зачестените пукања – свадби, а шверцот на оружје бил заради егзистенција. Уште попарадоксално, безбедносната ситуација беше оценета како стабилна!
Оксиморонски, апсурдно, инфантилно, но вистинито! Во име на виртуелна „меѓуетничка релаксација“ и „позитивна енергија“ се разнебитуваше Македонија со криминализација на политиката и политизација на криминалот.
Рамковниот договор претставуваше специјална операција на т.н. „меѓународна заедница“, која беше (со)учесник во воениот конфликт во 2001 година.
Посреднички договор за „постигнување мир“ со терористичката организација ОНА, со многу сокриени замки и „фабрички фелери“, кои потоа се вградија во Уставот. Креаторите го чуваа во најголема тајност, сѐ до презентирањето и потпишувањето во вилата „Билјана“ во Охрид.
До денес нема чаре од онанистичката ментална состојба на ДУИ и нејзините деривати Алијанса, Алтернатива, Беса и ДПА. Нивните племенски поглавари бесчесно продолжуваат да форсираат модел на дезинтеграција со две алтернативни опции: создавање бинационална држава, односно фактичка федерализација или, пак, сеалбанско обединување.
ЌЕ ОТИДЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ЏЕНЕМ?
Бараат „албанска академија на науките и уметностите“, воведување Бадинтеров принцип во Уставниот суд, изедначување на жртви и џелати, промена на државното знаме, грб и химна, етнички буџет, двојазични банкноти.
Монтипајтонски можеби ќе побараат и балансер за филхармонија, фудбалска репрезентација, оперски пејачи, хирурзи, сликари, учество на Евровизија, кандидатура за Нобелова награда, па дури и балансер за криминалот и корупцијата.
Во стилот „Сто стапа по туѓ грб не болат“, бараат веднаш и сега уставни измени за бугаризација и бришење на фашистите од учебниците. Всушност, албанските неофашисти и големобугарските националисти, синхронизирано и континуирано работат против Македонија и македонизмот.
Необалисти и неоврховисти градат идејно пријателство за поделба на Македонија, некаде кај Групчин. Ако тоа не е специјална антимакедонска војна, здравје му кажи!
Парадокс е што и т.н. „меѓународна заедница“ го толерира нивниот етношовинизам, етноцентризам, распашана косовизација, сеционизам и необализам.
Тоа воопшто не изненадува, бидејќи реинкарнацијата на фашизирањето на Европа стана очигледно откако Денот на победата над фашизмот се преименува во Ден на Европа, а потоа и по настаните на Мајдан во Украина.
Ќе има ли крај? Ќе ја биде ли Македонија или ќе отиде џенем?
Песимистите гледаат само тунел, оптимистите светло на крајот од тунелот, а реалистите тунел, светло, ама и воз што наближува. Во него машиновозач е ЕУ, кој ги гледа тројцата што седат на шините како паламудат и полемизираат.
За тоа време продолжуваат бесчесни барања од онанистите. Притоа, мошне љубопитна е нивната дволичност и самоидентификација со антоними.
Се прикажуваат за интегративци, а во суштина се дезинтегративци, блефираат борци за човекови права, а, всушност, се терористи, проповедаат правен систем, а практикуваат мафијашки, се декларираат за Европејци, а немаат блага врска од европски вредности..
Доследни и искрени се само кон Македонија и македонскиот народ, кои ги множат со нула. Онанираат и уринираат врз нив!
Затоа, репринтот со дополнување „ОНА – терористичка паравојска во Македонија“ од колегата разузнавач и професор Иван Бабановски претставува студиски случај за политичко-криминална онанија!