Глобалната криза со глад остави повеќе од 700 милиони луѓе несигурни кога или дали повторно ќе јадат, а побарувачката за храна незапирливо расте како што пресушуваат хуманитарните фондови, рече шефот на агенцијата за храна на Обединетите нации.
Извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн, на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека поради недостиг на финансии, агенцијата била принудена да ги намали оброците на храна за милиони луѓе и дека „се повеќе кратења на пат”.
„Сега живееме со серија симултани и долгорочни кризи кои ќе продолжат да ги поттикнуваат глобалните хуманитарни потреби“, рече таа, додавајќи: „Ова е новата реалност на хуманитарната заедница – нашата нова нормална – и ќе се справиме со последиците во наредните години“.