ОН: Половина од сиромашните луѓе во светот се деца

by fokus

Половината од луѓето кои живеат во сиромаштија се под 18 години, покажуваат податоците од најновото истражување на Обединети нации.

Според извештајот на ОН околу 1,3 милијарди луѓе, речиси една четвртина од населението во 104 земји, кои беа вклучени во истражувањето, изјавиле дека се сиромашни. Приближно 662 милиони од нив се деца.

Со истражувањето беа опфатени здравствената заштита, образованието и животниот стандард. Луѓето кои живеат во сиромаштија немаат пристап до неопходните работи, како што е вода, средства за хигиена, електрична енергија, соодветна исхрана или основно образование.

Резултатите од истражувањето покажуваат и дека поголемиот број од сиромашните односно 1,1 милијарда луѓе живеат во селските региони, каде сиромаштијата е четирипати поголема отколку во градските средини.

Истражувањето е спроведено пред се во држави со ниски и средни приходи, во кои живеат речиси три четвртини од светското население.

Поврзани новости