ОН побара од Маск почитување на човековите права на Твитер

by Фокус

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, во отворено писмо го повика новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, да обезбеди почитување на човековите права на социјалната мрежа.

„Како и сите компании, Твитер мора да ја разбере штетата поврзана со неговата платформа и да преземе чекори за да ја елиминира. Почитувањето на нашите заеднички човекови права мора да постави бариери за користење и развој на платформата. Накратко, ве повикувам да се погрижите човековите права да заземат централно место во управувањето со Твитер под ваше водство“, напиша шефот на УНХХР.

Кон крајот на октомври, Маск конечно затвори договор вреден 44 милијарди долари за купување на Твитер. Тој вети дека ќе ја либерализира уредувачката политика на социјалната мрежа, која е критикувана поради строга цензура.

Поврзани новости