ОН негираат дека Анкара од Киев добила поевтино житото

by fokus

Обединети нации негираат дека Турција добила попуст од 25 отсто на цените на житото од Украина во согласност со Договорот од Истанбул поддржан од ОН.

– Направивме многу истражувања, колку што е можно и можам да ви кажам дека немаше попуст во Договорот за Црноморската иницијатива, што беше потпишан во Истанбул. Изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, изјави Стефан Дуџарик.

На 22 јули Турција, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор за повторно отворање на трите украински пристаништа Одеса, Чорноморск и Јужни за извозот на жито, што повеќе месеци беа блокирани поради руската инвазија врз Украина.

Поврзани новости