469
Над 1,2 милиони луѓе ја имаат напуштено Украина од 24 февруари, откако почна инвазијата на Русија врз Украина, објави ОН.
Околу половина милион од бегалците се деца, проценува УНИЦЕФ.
-УНХЦР претходно соопшти дека војната во Украина, може да резултира со над четири милиони украински бегалци. Шефот за комуникации на УНХЦР, Јонг-ах Гедини-Вилијамс рече дека тоа е „огромен егзодус“. „Постои можност исто толку бегалци да се раселени во земјата, додаде тој.