Обединетите нации апелираат следната година да се соберат 46 милијарди долари за помош на милиони луѓе ширум светот погодени од хуманитарни кризи, вклучително и во Судан, Украина и окупираните палестински територии.
Како дел од својот Глобален хуманитарен преглед за следната година, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) објави дека во 2024 година поради воени конфликти, климатски вонредни состојби и економски фактори, ќе биде потребна хуманитарна помош за околу 300 милиони луѓе.
Ова вклучува околу 74,1 милиони луѓе во Источна и Јужна Африка, од кои голем дел се погодени од кризата во Судан.
Шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс, рече дека хуманитарниот систем во светот се соочува со криза поради недостиг од финансиски средства.